ОПШТИ УСЛУВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА FORTNITE

1. ОПШТИ УСЛОВИ

Општите услови за регистрација и користење на услугата Fortnite ги уредуваат односите меѓу Comparo Media d.o.o., Tometići 15a, 51215 Kastav и секое лице корисник на услугата (клиент), кое се регистрира на Интернет страницата http://fortnite.100vipgames.com/mkd/lp1 и ги користи услугите на интернет страницата http://fortnite.100vipgames.com/mkd/lp1

2. Користење на услугите

За да ги користи услугите на сајтот и апликацијата, корисникот треба да се регистрира на сајтот или апликацијата и да изрази желба за нивно користење. Во случаите, во кои како корисник се регистрира малолетно лице, истото ја изјавува и согласноста на своите родители или старатели со овие Општи услови. Во случаите на регистрација на лице под 18-годишна возраст, изјавата за прифаќање на Општите услови се дава од родител или старател. Прифаќање на Општите услови. Корисникот изразува желба за прифаќање на Општите услови. Прифаќањето претставува електронска изјава со која корисникот потврдува дека е запознаен со Општите услови, ги прифаќа и се обврзува да ги почитува. Со користењето на услугата или симнување на апликацијата, корисникот се согласува со Општите услови.

3. Цени и плаќање

Услугата овозможува начин на плаќање преку SMS (сумата се наплаќа преку вашата сметка за мобилни услуги). Сумите за направени плаќања не се рефундираат. Цената на услугата за неделен пристап е 59 МКД со ДДВ, сума која се наплаќа преку вашата мобилна сметка преку СМС, 1 СМС х 59МКД. Услугата е достапна за корисниците на Телеком МК и Оне.Вип. Со испраќање на клулниот збор FORTNITE на 142999 корисникот се претплатува на сервисот FORTNITE за да добие пристап на услугата.

4. Права и обврски на Провајдерот

Провајдерот е задолжен да ги заштити личните податоци со кои корисникот се регистрирал, согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци. Провајдерот не сноси одговорност ако корисникот не ги следи правилно зададените инструкции за пристап до системот за плаќање или ако вината за неуспешна достава на услугата е надвор од дометот на Провајдерот. Провајдерот го задржува правото веднаш да му го оневозможи пристапот до услугата на корисникот, кој се обидува да изврши противзаконски дејства со содржината на услугата. Сајтот и апликацијата може да содржат линкови кон други страници или интернет ресурси. Провајдерот не ги контролира и не е одговорен за содржината, производите, услугите или информациите кои се наоѓаат на тие линкови.

5. Права и обврски на Корисникот

Корисникот е задолжен да го остварува правото на користење на услугата, почитувајќи ги нормативните акти, општите услови и инструкциите за користење. Корисникот сноси целосна одговорност за заштитa на својот e-mail и лозинка, како и за сите дејства кои се извршуваат од него или од трето лице со користење на овие податоци. Корисникот се обврзува да не ја снима, преснимува, печати, објавува или распространува на никаков начин содржината до која му е овозможен пристап. Провајдерот не сноси одговорност за неправилно користење на Апликацијата. Секакво јавно објавување на содржината со трговска или друга цел различна од личното користење е забрането.

6. Рекламации

Рекламации можат да се прават единствено во случај на недостапност на услугата (при побаран и платен пристап од страна на Корисникот) по вина на Провајдерот. Провајдерот не сноси одговорност при софтверски или хардверски проблеми со уредот на Корисникот, неправилно внесување на кодови за пристап, неисправен хардвер или софтвер или прекин на интернет врската на Корисникот, проблеми со интернет провајдерот, или во други случаи кои не зависат од Провајдерот. Кога Провајдерот имплементира надградба и промени во услугата, истите не можат да бидат основа за рекламација. Провајдерот не сноси одговорност за штети, нанесени од Корисникот на трети лица. Провајдерот не сноси одговорност за материјални или нематеријални штети, изразени како опортунитетен трошок или претрпени штети на Корисникот во процесот на користење или некористење на Услугата. Провајдерот не сноси одговорност при вина на некој од подизведувачите на услугата. Информациите и личните податоци кои Корисникот доброволно ги доставува за користење на услугата, Провајдерот има право да ги користи во рамките на своите сопствени проекти.

VII. Одјавување од сервисот

Корисникот може да се одјави од услугата во секој момент со испраќање на STOP FORTNITE на 142999 или преку контактирање на службата за корисници +38923207687.

Провајдерот го задржува правото: Да ја менува содржината на Услугата и Апликацијата. Да отстранува содржина и информации без претходна најава.

HOME